Назад кон брошурата
Uslovi korišćenja

ПОСЛЕДНО АЖУРИРАЊЕ НА 1-ви СЕПТЕМВРИ, 2012

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ НА КОМПАНИЈАТА АВОН

СОДРЖИНА:


ВОВЕД; ДЕЛОКРУГ


ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ


ПОДАТОЦИ КОИ НЕ СЕ ОД ЛИЧНА ПРИРОДА


КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ


IP АДРЕСИ


СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ И ИНТЕРАКТИВНИ АЛАТКИ


ВЕБ САЈТОВИ НА ТРЕТИ ЛИЦА


ОГЛАСУВАЧИ - ТРЕТИ ЛИЦА


БЕЗБЕДНОСТ


МОЖНОСТ ЗА ИЗБОР


МОЖНОСТ ЗА ПРИСТАП


ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ


КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ ОД СТРАНА НА ДЕЦА


ПРЕКУГРАНИЧЕН ПРЕНОС НА ИНФОРМАЦИИ


АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ


КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ


НЕЗАВИСНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА


ВОВЕД; ДЕЛОКРУГ

AVON ја имаме составено оваа Изјава за приватност на податоците за да ве информираме како ги собираме, користиме и обелоденуваме информациите.

Оваа Изјава за приватност на податоците се применува за информациите кои се собрани преку овој веб сајт и кои било други сајтови за мобилни уреди, апликации, графички контроли (widget) и други интерактивни содржини кои што по пат на линк се поврзани со оваа Изјава за приватност на податоците („Сајтот“). Освен доколку не е посебно назначено во понатамошниот текст, оваа Изјава за приватност на податоците не се применува на информации собрани од страна на компанијата Авон на друг начин, како што се информации собрани надвор од интернетот.

Компанијата Авон им нуди на своите независни соработници можност за купување и/или продажба на своите производи (во понатамошниот текст независни Авон претставници). Независните Авон претставници не се вработени во компанијата Авон. Па така, компанијата Авон не ги контролира и ниту е одговорна за собирањето, користењето или обелоденувањето на личните податоци од страна на независните Авон претставници, вклучувајќи и собирање, користење или обелоденување на личните податоци за маркетиншки цели. Ако дадете информации на независен Авон претставник преку Сајтот, компанијата Авон ќе има пристап до истите и ќе постапува со нив во согласност со оваа Изјава за приватност на податоците.

Независните Авон претставници можат на компанијата Авон да ѝ достават информации во врска со лицата кои ги снабдуваат со Авон производи, во тој случај компанијата Авон, од моментот кога дадените информации ќе бидат во нејзина сопственост, ќе се однесува со истите во согласност со оваа Изјава за приватност на податоците. Ако ова се однесува за вас, треба директно да проверите кај вашиот независен Авон претставник за да се запознаете со неговите/нејзините методи за заштита на приватноста на податоците.

Доколку сте независен Авон претставник или сакате да се пријавите за претставник, покрај општите одредби на оваа Изјава за приватност на податоците, ве молиме погледнете го поглавјето Независен Авон претставник на крајот од оваа Изјава за приватност на податоците за да дознаете важни информации за други методи за заштита на личните податоци кои се однесуваат за вас.

Доколку сте независен Авон претставник или сакате да се пријавите за претставник, покрај општите одредби на оваа Изјава за приватност на податоците, ве молиме погледнете го поглавјето Независен Авон претставник на крајот од оваа Изјава за приватност на податоците за да дознаете важни информации за други методи за заштита на личните податоци кои се однесуваат за вас.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Собирање на лични податоци.„Лични податоци“ се информации на основа на кои можете да бидете идентификувани, како на пр. име, поштенска адреса (вклучувајќи адреси за фактурирање и испорака), телефонски број, e-mail адреса, број на кредитна картичка и корисничко име. Ние собираме лични податоци од вас кога ќе одлучите да учествувате во нашите понуди и програми или кога на друг начин директно ни доставувате информации до нас, вклучувајќи и кога се регистрирате кај нас, кога купувате производи, учествувате во нашите интерактивни содржини или на друг начин разменувате податоци со нас на Сајтот.

Користење на личните податоци.Ние може да ги користиме личните податоци:

  • за цели за кои конкретно ни ги имате дадено информациите вклучувајќи, без ограничување, за да ни овозможите да одговориме на вашите прашања и да ги обработиме и исполниме вашите барања;
  • за да ви испраќаме информации во врска со вашиот однос или трансакции со нашата компанија;
  • за да ве информираме за производи, услуги, програми и понуди за кои мислиме дека ќе бидете заинтересирани а по пат на e-mail, SMS, телефон или пошта.
  • за да го персонализираме вашето искуство со нас, вклучувајќи презентација на производи или понуди кои се посебно прилагодени на вашите потреби;
  • за да ви овозможиме да го користите нашиот Сајт и да преку него комуницирате и остварувате интеракција со други;
  • за да ви помогнеме да најдете независен Авон претставник, вклучувајќи давање предлог за нов претставник доколку вашиот претставник го има прекинато нејзиниот/неговиот договор со Авон и да ги олесниме активностите на независните Авон претставници;
  • за наши интерни, бизнис цели, како на пример анализа на податоци, ревизија, развој на нови производи, подобрување на нашиот веб сајт, подобрување на нашите услуги, утврдување на трендови во користење и оценување на успешноста на нашите промотивни кампањи;
  • за да ви овозможиме да учествувате во наградни игри, натпревари и слични промоции и за администрирање со споменатите активности (Некои од тие активности имаат дополнителни правила, кои можат да содржат додатни информации за тоа на кој начин ги користиме и обелоденуваме вашите лични податоци, па затоа ви препорачуваме внимателно да ги прочитате дадените правила);
  • за да ги обработиме и исполниме вашите порачки, или на друг начин да ви доставиме производи или пружиме услуги, на пример, за обработка на вашите уплати, достава на вашата порачка, да комуницираме со вас во врска со производите кои што ги имате купено и да ви пружиме корисничка поддршка во врска со истите; и
  • за да ви овозможиме да праќате e-mail пораки на други луѓе со помош на функцијата „испрати на пријател“. (Со користење на оваа можност, вие ни изјавувате дека имате право да ги користите и да ни ги доставувате името и e-mail адресата на вашиот „пријател“ за споменатата цел. Информациите за вашиот пријател ќе се користат исклучиво за проследување на електронската пошта и нема да се зачувуваат во нашите бази на податоци.)

Споделување на личните податоци. Вашите лични податоци можеме да ги доставиме:

  • на компании кои што се поврзани со нас, односно кои се дел од групата на Авон компании (кликнете овде но не за нивни директни маркетиншки потреби. [Внесете име на релевантна Авон компанија] има контрола на податоците и сноси одговорност за заеднички користените лични податоци;
  • на трети лица кои пружаат услуги на компанијата Авон, како на пр. хостирање на веб сајтови, анализа на податоци, обработка на плаќања, извршување на порачки, обезбедување на инфраструктура, услуги од информатичка технологија, служба за грижа на корисници, услуги за испраќање на електронска пошта, обработка на трансакции преку кредитни картички, ревизија, обука и други слични услуги. (На овие трети лица ќе им бидат доставени вашите лични податоци или ќе им биде овозможен пристап до истите заради обезбедување на тие услуги на нас или во наше име);
  • на независни Авон претставници, до потребен степен за да може да ве контактираат;
  • на трети лица во случај на каква било реорганизација, спојување, продажба, заедничко вложување, преотстапување, пренос или друго отуѓување на целиот или дел од нашиот бизнис, имот или залихи (вклучувајќи и случаи во врска со каква било стечајна или слична постапка); и
  • доколку мислиме дека е тоа потребно или правилно: (а) во согласност со важечките прописи, вклучувајќи и закони надвор од вашата држава на престој; (б) во согласност со судска постапка; (в) да одговори на барања од јавни и владини органи вклучувајќи и јавни и владини органи надвор од вашата држава на престој; (г) да ги примениме нашите услови и прописи; (д) да го заштитиме работењето на нашата компанија или која било од нашите поврзани компании; (ѓ) да ги заштитиме правата, приватноста, безбедноста или имотот на нашата компанија и/или нашите поврзани компании; и (е) за да може да користиме достапни правни средства или да ја намалиме евентуалнита штета која што би ја претрпеле.

ПОДАТОЦИ КОИ НЕ СЕ ОД ЛИЧНА ПРИРОДА

Собирање на податоци кои не се од лична природа. „Податоци кои не се од лична природа “ се кои било информации кои што не го откриваат вашиот личен идентитет, како што се:

  • Информации за пребарувачот
  • Информации собрани преку колачиња, пиксел тагови и други технологии
  • Демографски информации и други информации обезбедени од вас или нашите независни Авон претставници за продажба
  • • Збирни информации

Ние и нашите надворешни соработници - обезбедувачи на услуги можеме да собираме податоци кои не се од лична природа на разни начини. На пример, ние

  • собираме информации како кој вид е вашиот компјутер (Windows или Macintosh), резолуција на екранот, верзија на оперативниот систем и вид и верзија на интернет пребарувач.
  • собираме демографски податоци, како на пр. вашата локација, образование, професија, возраст, пол, како и други информации, како на пр. ваши хобија и посебни интереси, кога доброволно ни ги давате тие информации. Доколку не се комбинирани со личните податоци, на основа на овие информации не можете да бидете идентификувани ниту вие ниту пак кое било друго лице.

Збирен преглед на информациите. Ние може да обединуваме лични податоци така што на основа на таквите збирни информации не можете да бидете идентификувани ниту вие ниту кое било друго лице, како на пр. со користење на лични податоци за пресметување на процентот на нашите претставници кои што живеат во одредено подрачје. Во некои случаи можеме да комбинираме податоци кои не се од лична природа со лични податоци (како на пр. комбинирање на вашето име со вашата географска локација). Ако комбинираме кои било податоци кои не се од лична природа со лични податоци, комбинираната информација ќе ја третираме како личен податок сè додека истата е комбинирана.

Користење и споделување на податоци кои не се од лична природа. Бидејќи на основа на податоците кои не се од лична природа не можете да бидете идентификувани, можеме да собираме, користиме и обелоденуваме податоци кои не се од лична природа за каква било цел.

„КОЛАЧИЊА“ И ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ

„Колачиња: “ Ние и нашите обезбедувачи на услуги - трети лица можеме да користиме „колачиња“ на Сајтот. Колачињата му овозможуваат на веб серверот да врши пренос на податоци на компјутер за водење на евиденција и други цели. Ние користиме колачиња и други технологиии, меѓу другото, за подобро да ви пружиме информации кои се скроени по ваша мерка и да го олесниме вашиот континуиран пристап до Сајтот и неговото користење. Ние исто така им дозволуваме на доставувачите да користат колачиња на нашиот веб сајт. Ако не сакате да се врши собирање на информации преку колачиња, кај повеќето пребарувачи постои едноставна постапка која што ви овозможува да спречите нивна употреба. За да научите повеќе за колачињата, посетете го следниот сајт, кој не е поврзан со компанијата Авон:  http://www.allaboutcookies.org/.

„Локално споделени објекти: “: Ние и нашите даватели на услуги можеме да користиме Flash колачиња (локално споделени објекти) во одредени ситуации, вклучувајќи и случаи во кои сакаме да ве препознаеме и да запомтиме што имате нарачано. Flash колачињата се разликуваат од колачињата на пребарувачот по количината и видот на складираните податоци. Освен тоа, вообичаено не можете да го контролирате, бришете или оневозможувате прифаќањето на Flash колачињата во вашиот пребарувач. За повеќе информации во врска со Flash колачињата и за да научите како да ги контролирате, кликнете на страната за поддршка за апликацијата Flash Player и одберете Global Storage Settings Panel и следете ги упатствата. За да видите кои Flash колачињата се наоѓаат моментално на вашиот компјутер, отидете на Website Storage Settings Panel и следете ги упатствата за да ги прегледате или, доколку сакате, да избришете одредени Flash колачиња.

„Пиксел тагови “ и други технологии: :: Проѕирни GIF датотеки (Clear GIFs) претставуваат мали графички датотеки со единствен идентификатор, чија функција е слична на функцијата на колачињата. Сепак, за разлика од колачињата, кои што се складираат на хард дискот од вашиот компјутер, проѕирните GIF датотеки се невидливи и се поставени на самата интернет страница. Можеме да користиме проѕирни GIF датотеки (познати и како веб светилници (web beacons), веб ознаки (web bugs) или пиксел тагови (pixel tags)) во врска со Сајтот за, меѓу другото, да ги следиме активностите на посетителите на нашиот сајт и да правиме статистика за користењето на Сајтот и брзините на одговор. Ние и нашите обезбедувачи на услуги - трети лица исто така можеме да ги користиме проѕирните GIF датотеки во електронските пораки во HTML формат за полесно да ја следиме брзината на одговор во врска со електронската пошта, да го мериме успехот на нашите маркетинг кампањи и да утврдуваме кога се читаат или препратуваат нашите електронски пораки.

Веб аналитика: Компанијата Авон може да соработува со даватели на услуги - трети лица кои користат технологии опишани во ова поглавје за вршење на веб аналитика која ни помага во следењето и разбирањето на начинот како го користат посетителите нашиот Сајт. На пример, ние ги користиме услугите на Omniture, давател на услуги - трето лице во областа на веб аналитика која ни помага во подобрување на перформансите на нашиот веб сајт и корисничкото искуство. За повеќе информации и за да се запознаете со политиката за заштита на приватноста во врска со технологијата на Omniture и неговата алатка со која што можете да ја прекинете дозволата за следење на вашите податоци посетете го нивниот за заштита на приватноста.

Графички контроли (widget), апликации и слични технологии.. Ако се одлучите да користите технологија која ја обезбедува нашата компанија (како на пр. графички контроли), сите лични податоци или други информации кои што ќе ги ставите на располагање со помош на таа технологија може да станат јавно пристапни, на пример, преку социјални мрежи и други веб сајтови и платформи на кои што можете да ја користите дадената технологија. Освен тоа, некои технологии имаат можност да се дистрибуираат „вирално“ на други локации (на пример, ваш пријател може на својот блог да ја постави графичката контрола што ги содржи вашите податоци). Компанијата Авон не е одговорна за собирањето, користењето или обелоденувањето на личните податоци и/или други информации кои што ќе станат јавно достапни.

IP АДРЕСИ

Како собираме IP адреси
Вашата „IP адреса“ е број кој вашиот интернет провајдер автоматски му го доделува на компјутерот што го користите. IP адреса може да се идентификува и автоматски евидентира во датотеката за евиденција на нашиот сервер секогаш кога посетител го посетува Сајтот, заедно со времето на посета и страната(-те) кои што биле посетени.

Собирањето на IP адреси е вообичаена пракса на интернет и многу веб сајтови автоматски вршат собирање на IP адреси.

Како ги користиме и обелоденуваме IP адресите
Можеме да ги користиме IP адресите за цели како пресметување на нивоата на користење на Сајтот, помош при утврдување на проблеми на серверот, откривање на измами и администрирање на Сајтот. Исто така можеме да користиме и обелоденуваме IP адреси за сите цели за кои ги користиме и обелоденуваме личните податоци. Треба да се земе во предвид дека ние се однесуваме со IP адресите, датотеките за евиденција на серверот и поврзаните информации како со податоци кои не се од лична природа, освен во случаи каде сме обврзани да постапуваме поинаку во согласност со важечките прописи.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ И ИНТЕРАКТИВНИ АЛАТКИ

Одредени содржини на нашиот Сајт може да ви дадат можност за комуницирање со нас и други лица. Тука влегуваат блогови, огласни табли, можности за испраќање пораки, можности за „четување“ и креирање на профили на социјалните мрежи. Кога ги користите тие можности, треба да знаете дека секоја информација која ќе ја доставите, вклучувајќи го вашето име, локација и e-mail адреса може да стане јавно достапна на други лица. Ние не сме одговорни за информациите што ќе одлучите да ги доставите преку овие интерактивни содржини, а ви препорачуваме да не обелоденувате какви било чувствителни лични податоци (како на пример информации за вашето здравје или информации за вашата кредитна картичка) со помош на дадените содржини. Ако ги користите овие содржини, вашите лични податоци можат да останат на Сајтот дури и по престанувањето на користење на Сајтот.

ВЕБ САЈТОВИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Нашиот Сајт може да содржи линкови кон веб сајтови на трети лица. Ние не сме одговорни за заштитата на приватноста на веб сајтовите на трети лица кои се поврзани со линкови или интегрирани со нашиот Сајт, ниту за заштитата на приватноста од надворешните компании - трети лица кои се занимаваат со огласување на интернет. Поставувањето линк на Сајтот не подразбира препорачување на линкуваниот сајт од наша страна. Ако независен Авон претставник користи Сајт на компанијата Авон за собирање информации за вас, компанијата Авон може да има пристап до тие информации и ќе се однесува кон истите во согласност со оваа Изјава за приватност на податоците.

ОГЛАСУВАЧИ - ТРЕТИ ЛИЦА

Ние можеме да користиме услуги на компании - трети лица кои се занимаваат со огласување и кои нудат огласи кога го посетувате нашиот Сајт. Тие компании можат да користат информации за вашата посета на Сајтот со цел да понудат огласи за производи и услуги за кои би можеле да бидете заинтересирани. При поставувањето оглас на овој Сајт, тие компании можат да постават или препознаат единствено колаче на вашиот прегледувач. Ако сакате да добиете повеќе информации за тоа и начинот на кој можете да спречите користење на дадените информации од страна на споменатите компании, посетете ја страната Network Advertising

БЕЗБЕДНОСТ

Ние користиме соодветни организациони, технички и административни мерки за да ги заштитиме личните податоци кои се под наша контрола. За жал, за ниеден пренос на податоци преку интернет или систем на складирање на податоци не може да се гарантира дека е 100% безбеден. Ако од било која причина мислите дека вашата интеракција со нас не е повеќе безбедна (на пример, ако мислите дека безбедноста на вашата сметка која ја имате кај нас е нарушена), ве молиме веднаш да нè известите за настанатиот проблем, во согласност со поглавјето Контактирајте нè во понатамошниот текст.

МОЖНОСТ ЗА ИЗБОР

Доколку сакате да престанете да добивате маркетиншки и/или промотивни понуди од компанијата Авон можете да ни испратите барање на адресата која е дадена во поглавјето Контактирајте нè во понатамошниот текст.
Ќе настојуваме да ги исполниме сите ваши барања колку што е можно порано.

МОЖНОСТ ЗА ПРИСТАП

Ако сакате да ги прегледате, поправите, или избришете личните податоци кои што ни се претходно доставени, можете да нè контактирате на начин како што е наведен во поглавјето Контактирајте нè во понатамошниот текст. Во вашето барање, јасно наведете ги податоците што сакате да ги измените. Ќе настојуваме да одговориме на вашето барање колку што е можно порано.

ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Ние ќе ги задржиме вашите лични податоци во временскиот период кој е неопходен за исполнување на целите во склад со оваа Изјава за приватност на податоците, освен ако не е неопходен или дозволен во согласност со законот подолг временски период.

КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ ОД СТРАНА НА ДЕЦА

Овој Сајт не е наменет за лица под четиринаесет (14) годишна возраст и ги замолуваме таквите лица да не даваат лични податоци преку овој Сајт.

ПРЕКУГРАНИЧЕН ПРЕНОС НА ИНФОРМАЦИИ

Вашите лични податоци може да се складираат и обработуваат во секоја држава каде што ние сме активни, а со вашето стапување во интеракција со нас и давањето какви било лични податоци, вие се согласувате со пренос на информациите во држави надвор од вашата држава на престој, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, во кои може да важат поинакви правила за заштита на податоците од оние кои се применуваат во вашата држава.

АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Од време на време, ние може да ја смениме оваа Изјава за приватност на податоците. Погледнете го натписот „ПОСЛЕДНО АЖУРИРАЊЕ“ на горниот дел од оваа страна за да видите кога била последен пат изменета оваа Изјава за приватност на податоците. Секоја промена на оваа Изјава за приватност на податоците ќе стапи во сила со поставување на Сајтот на изменетата Изјава за приватност на податоците. Вашето стапување во интеракција со нас по споменатите измени ќе се толкува како ваше прифаќање на изменетата Изјава за приватност на податоците.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Доколку имате какви било прашања во врска со оваа Изјава за приватност на податоците, контактирајте нè по електронска пошта на следната адреса contact_avon.macedonia@avon.com или по редовна пошта на АВОН КОЗМЕТИКС ДООЕЛ Кукушка 8 1000 Скопjе, Македониjа . Со оглед на тоа дека e-mail комуникациите не се секогаш безбедни, не внесувајте чувствителни информации во вашите e-mail пораки до нас.

НЕЗАВИСНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА

Следните одредби се применуваат само на независните Авон претставници:
Оваа Изјава за приватност на податоците се применува на личните податоци на независните Авон претставници кои што компанијата Авон ги собира по пат на интернет или на друг начин.

Ако сакате да станете независен Авон претставник, можеме да ги собираме и користиме вашите лични податоци, вклучувајќи и информации во врска со вашата кредитна способност за да можеме да утврдиме дали ги исполнувате условите.

За да станете независен Авон претставник, од вас може да се побара да склучите посебен договор со компанијата Авон („Договор за застапување“). Ако сте склучиле Договор за застапување, можеме да ги собираме, користиме и обелоденуваме вашите лични податоци во согласност со оваа Изјава за приватност на податоците и одредбите од Договорот. Исто така, можеме да собираме, користиме и обелоденуваме ваши лични податоци заради исполнување на своите обврски на основа на Договорот. Во случај на несогласување помеѓу оваа Изјава за приватност на податоците и Договорот, ќе се применуваат одредбите од Договорот.

Кога ќе станете независен Авон претставник (вклучувајќи лидер), може да ги обелодениме вашите лични податоци на:

  • зонални менаџери, регионални менаџери за продажба или еквивалентно на тоа, кои може да бидат независни соработници на компанијата Авон;
  • лидери на група, како дел од нашата програма за лидерство;
  • на моментални и потенцијални лица кои бараат помош од независен Авон претставник; и
  • надлежни органи доколку е тоа потребно за почитување на законските норми како што се даночни и книговодствени обврски.

Ние може исто така да ги комбинираме податоците кои не се од лична природа,а кои ги собираме ние и нашите надворешни соработници - добавувачи во врска со вашето користење на нашиот Сајт (како што е опишано во претходниот текст), со вашата единствена шифра на сметка на претставник. Комбинираните информации можеме да ги користиме за цели како на пример за анализа на користењето на нашите Сајтови од страна на независните Авон претставници за да го оцениме и подобриме нашиот бизнис модел како и за други цели во врска со интерна аналитика.